Барселона – кралицата на Каталонија

Барселона со своите 3 милиони жители е вториот по големина град во Шпанија, но несомнено е најубавиот. Кралицата на Каталонија, како што ја викаат, се наоѓа на североисточниот дел на Пиринејскиот полуостров долж Медитеранското море. 
 
Барселона е главен град на регионот наречен Каталонија, официјални јазици се шпанскиот и каталонскиот. Градот привлекува со својата естетика, главна улога тука играат многуте паркови, архитектонски зданија и топлата клима која се провлекува низ целата година. Барселона порано била индустриски град на работничката класа, но денес е град кој главно е фокусиран на услужниот сектор и туризмот. Многу луѓе од Европа бегаат од буката на нивните големи градови низ континентот да одморат на риверата на Барселона која се оптега цели 4.5 километри. 

Најкарактеристично за неа се нејзините атракции кои до ден денес привлекуваат туристи од сите 4 страни на светот, а кои можете вие да ги посетите:

1. Саграда Фамилиа 
Саграда Фамилиа е недовршена римокатоличка црква (катедрала) која никого не остава рамнодушен со својата возвишеност. Правена е во готички и art nouveau стил, а главен виновник за нејзиниот раскош е архитектот Антонио Гауди кој ја презема работата од неговиот колега,  Францисо де Паула дел Вилар. Започната е во 1882, а се планира да ја добие комплетната слика во 2026 година. Таа е заштитена од УНЕСКО во 1984 година заедно со уште 6 други згради на Гауди.
 
2. Улицата Рамбла 
Улицата Рамбла е една од главните атракции во Барселона. Таа се протега на 1,2 километри во самиот центар на градот. Таа е најпрoметната улица каде во секој момент низ неа минуваат илјадници туристи. 
 
3. Паркот Гуел 
Паркот Гуел е јавен парк кој се наоѓа на брдото Кармел. Тој изобилува со своите градини и архитектонски елементи. Осмислен е од архитектонскиот маг Антонио Гауди и е граден во периодот од 1900 до 1914 година. Заштитен е во 1984 од страна на  УНЕСКО, главни атракции во паркот се гуштерот наречен El Drac и големата клупа во форма на змија. 
 
4. Готички кварт 
Готичкиот кварт е срцевината на стариот град. Тој се наоѓа во самиот центар и е еден од  најстарите делови на градот. Во него може да се видат римскиот ѕид, многу од градбите се средновековни, а самиот кварт е замислен како еден лавиринт од кој се излегува на големите плоштади распрснати низ квартот.
 
5. Храна и пијалоци
Барселона како и секој медитерански град има свои специјалитети кога станува збор за добрата храна и пијалаци. Кога сте во Барселона не заборавајте да го пробате специјалниот шампањ - Cava, каталонското сирење – Tupi и каталонските сосови. 
              
6. Мода и накит
Барселона е дом на две многу познати модни куќи Custo и Desigual. Дизајните на Custo се со големи и привлечни бои на црна позадина, Desigual дизајните се наизменични. Тие имаат продавници на главната улица – Рамбла. Барселона е исто така позната и по својот накит, еден таков бренд е и Bagues.
 
7. La Barceloneta 
La Barceloneta e кварт во стариот град. Во овој дел се наоѓаат плажите, дискотеките и ноќните клубови, а е и местот каде може да се најде познатиот Хотел W.