Лувр - еден од најпознатите уметнички галерии и музеи во светот

Лувр е еден од најстарите, најголемите и најпознатите уметнички галерии и музеи во светот.Лувр има долга историја на умет-ничко и историско конзервирање. Зградата претходно била кралска резиденција, ја симболизира традиционалната француска архитектура уште од Ренесансата. Во неа се наоѓаат светските најпознати дела на уметноста, како “Мона Лиза” на Леонардо Да Винчи,”Заклетвата на Хоратиј” од Жак Луи Давид, ”Слободата ги води луѓето” од Делакруа... Со 8,6 милиони посетители во 2006, Лувр е најпосетениот музеј во светот.