Версај - француски национален музеј

Версај била кралска палата на Франција нешто повеќе од еден век, од 1682 до 1789, кога почнала Француската револуција. Кралот Луи 13 изградил ловечко засолниште надвор од Париз во 1624. Оваа мала структура станала база врз која се изградила една од најскапоцените и најекстравагантните згради на светот. Била наменета да биде дом за Луи 14, Кралот на сонцето. Преку 37000 акри земја биле изчистени за да се направи место за терасите, променадите, место за илјадници растенија и цвеќиња. Имало 1400 фонтани и 400 скулптури. Во 1676 палатата била зголемена и била додадена салата на огледалата како и северно и јужно крило. Низ вековите повеќе пати била преуредувана под водство на повеќе кралеви.
Денеска Версајската палата е француски национален музеј. Зградата е толку голема што само мал дел од неа е отворен за јавноста. Многу од собите се канцеларии кои се користат од страна на државните инстируции на Република Франција.