Шибеник - еден од најважните градови за хрватската историја

Шибеник е еден од најважните градови за хрватската историја, затоа што е единствениот поголем приморски град чии темели не се од Римјаните, туку од Хрватите. Тој наликува на амфитеатар за еден од најубавите јадрански природни пристаништа, каде реката Крка го формира заливот Шибеник и се влева во Јадранско Море. Шибеник е дом на најпознатата Катедрала на Јадранот од времето на ренесансата.

Кога веќе сте во Шибеник, не може а да не ги посетите и водопадите на Крка во Националниот парк. По течението на цели 73 км од реката Крка и долниот тек на реката Чичола, оваа дива убавина може да се пофали со седум водопади, наредени еден под друг. Највеличествениот од нив, Скрадинскиот е висок 45 метри, со кристално чиста и бистра вода.
Овој природен феномен освен со водопадите плени и со многуте природни езера преполни со разновидна флора и фауна, едноставно совршено место за пронаоѓање на внатрешниот мир.