Сплит - вториот град по големина во Хрватска

Вториот град по големина во Хрватска е стар 1700 години, а неговиот староградски центар е заштитен како културно наследство од УНЕСКО во 1979 година. Тесните и живописни улички ќе ве донесат до Диоклецијановата палата, околу која целиот град бил изграден.
 
Тука се и стариот храм на Јупитер, црквата Св.Дује, како и познатите Златна и Сребрена порта. Низ историските плоштади ќе стигнете до гратскиот пазар и Рива.
Овие споменици на разновидната историја не се единственото нешто што ќе ве натера да се заљубите во Сплит. Тоа е град во кој комплетно ќе ја почувствувате далматинската аура и кој едноставно не смеете да го заобиколите.