Трогир - град со историја стара повеќе од 2300 години

Овој историски град и пристаниште на јадранскиот брег е сместен на мал остров измеѓу континентална Хрватска и островот Чиово.
 
Трогир има историја стара повеќе од 2300 години и многу градби кои сведочат за тоа. Културата се развивала под влијание на Грците, Римската империја и Венеција. Тој е пребогат со палати, цркви и кули, како и тврдина, што го стави овој град под заштита на УНЕСКО во 1997 година.