Писина - помеѓу трите острови што ја опкружуваат Сивота

Помеѓу трите острови што ја опкружуваат Сивота, има бројни заливи со прекрасни плажи, а најпозната од овие плажи е секако Писина (на грчки јазик, Писина значи базен). Главната карактеристика на оваа плажа е кристално чиста вода. До Писина   може да се стигне само со брод кој може да се изнајми во пристаништето по цена од околу 50 € за целиот ден. За возење со брод не е потребна  возачка дозвола доколку бројот на патници е помал од 5 лица. Друга опција е превоз со бродче ( цена околу  5€ по лице), бродчето кружи преку цел ден околу островите околу Сивота.