Валтос - една од најпопуларните плажи за оние кои се сместени во Парга и околина

Валтос (Valtos) е прекрасна песочна плажа долга 3 километри и е една од најпопуларните помеѓу туристите кои се сместени во Парга и околината. Оваа живописна плажа е дијамантот на Парга и локалните жители се навистина горди на нејзината природна убавина и прекрасен поглед. Нејзините спектакуларни предели биле богат извор на инспирација за сликарите и фотографите. Иако е доста посетена поради својата големина несомнено секогаш ќе имате место на истата. На само 3 км оддалеченост од Парга покрај прекрасното кристално море и ситниот песок од оваа плажа која е опкружена со зеленило ви се нуди уникатен поглед кон старата тврдина од едната страна и кон отвореното море  поглед кон осторовите Паксос и Антипаксос. На самата плажа се нудат разни спортски активности како возење со кану, скутер на вода и слично... На оваа плажа не постои соодветен ноќен живот. За услугите преку ден оваа плажа  е опкружена со неколку ресторани, кафулиња и таверни кои ги нудат своите услуги во текот на денот.