Места во близина на Макарска

ОСТРОВ БРАЧ  -> Од Макарска можете со траект на Јадролинија за 30 минути да стигнете до островот Брач, се пристигнува во местото Сумартин, а од таму имате неколку различни начини за движење низ островот.

БОЛ -> Островот Брач нуди многу интересни содржини, а Бол е најпознатото модерно летувалиште. Плажата 'Златни рат' на Бол е надалеку позната и идеална за едрење и сурфање. Бол се наоѓа во залив кој е сместен 20 км југозападно, на западната страна на островот и е место со поволна клима за лечење. 

ОСТРОВ ХВАР -> Ако од Макарска сакате да го посетите островот Хвар, потребно е да отидете малку на југ, односно до Дрвеник, од каде со траект ќе стигнете до Сучурја на островот Хвар. 
На островот преовладува лековита клима и познат е по својата природна убавина и кристална вода.
Во градот Хвар во текот на летото се одржува традиционалната летна културна манифестација, една од најстарите на хрватското крајбрежје, при која на отворена бина се одржуваат музички, театарски и фолклорни концерти.

ОСТРОВ ВИС -> На островот Вис, до кој се доаѓа со катамаранска брза линија од Сплит или пак со траект, исто така се собираат оние кои се вљубени во параглајдинг. Собирите се на највисокиот врв на островот, а тоа е брдото Хум, над старото рибарско место Комиже. Од Комиже исто така се организира и нуркање на атрактивни локации во морето.
Градот Вис кој се наоѓа на истоимениот остров е познат и по лековитоста од својата клима, но и целиот остров е погоден за климатска терапија.

ОМИШ -> Омиш е град сместен на реката Цетине, а од Макарска е оддалечен само 40 минути возење во насока на Сплит. Во градот се нудат интересни содржини како рафтинг или место за мирен излет покрај река каде можете добро да се најадете...

СПЛИТ, ТРОГИР -> Сплит е град во кој можете да ја разгледате Диоклецијановата палата, наследство на светската култура, за која најновите археолошки истражувања тврдат дека служела исклучиво за одмор на императорот Диоклецијан.
Сплит изобилува со музеи и галерии, од кој ви препорачуваме да ги посетите Поморскиот, Археолошкиот, Етнографскиот музеј со галерија, Перистил, Јупитеровиот храм и Сплитската катедрала.
Недалеку од Сплит се наоѓа Трогир, град-споменик на УНЕСКО со многу познати филигрански продавници и ACI марина.