Плажи во близина на Макарска

БАШКА ВОДА претставува мало село и пристаниште на брегот на Макарска, се наоѓа на 8,5 км северозападно од Макарска. Економската основа на населението претставува  земјоделството, риболов и туризмот. Најмногу се одгледуваат маслинки, винова лоза, цреши и смокви. Шумското опкружување и камчестата плажа го условуваат интензивниот развој на туризмот. 

БРЕЛА е мало место кое се наоѓа на Макарска ривиера. Местото е познато по тоа што има кристално чиста вода и долгите песочни плажи се простираат по краjбрежјето во должина од шест километри. Mирисот и убавината на густата борова шума само го дополнуваат чувството на убавина. Во Брела има бројни пешачки зони кои одлично кореспондираат со старите населби, стариот град со автентична архитектура на која се посебно горди Далматинците. Патот ве води се врвот на планината Биоково.

ТУЧЕПИ е село на брегот на Макарска, 4 км југоисточно од Макарска. Економската основа е земјоделството и туризмот. Марината е заштитена од ветрови од страна на надворешен пробив, оперативниот брег е долг 40 метри. Во делот помеѓу Макарска и Тучепи се наоѓаат неколку "диви" плажи кои со својата чистота и убавина никого не оставаат рамнодушен...

ПОДГОРА е село и пристаниште на Макарска ривиера, кое се наоѓа 9 км југоисточно од Макарска. Во селото има бројни извори на вода за пиење и лековита солена вода - Клокун. Економската основа е земјоделството, лозарството, одгледувањето маслиново, морското производство, риболов и туризмот.