Макарска - мало гратче на Јадранското море во Хрватска

Макарска е мало гратче на Јадранското море во Хрватска. Oддалечено е околу 60 километри јужно од Сплит и околу 140 километри северно од Дубровник и има околу 13 илјади жители. Градот е познат по своето долго шеталиште, модерните кафулиња, баровите и бутиците кои гледаат кон пристаништето каде се закотвени и луксузните јахти. Како специфично место за посета се издвојува Малаколошкиот музеј кој ја има најголемата колекција на полжави и школки во светот. 
 
Најкарактеристично за Макарска сепак се плажите. Целата околина изобилува со живописни плажи кои топло ги препорачуваме да ги посетите. Плажата Велика Дуба во Жиговице е комплетно изолирана плажа и во нејзина близина се наоѓа преубава Борова шума. Многу е блиску до автопатот и е погодна дестинација за многу пливачи. Во близина е и местото Градац каде ќе се затекнете со неизмерливи песочни плажи. Боите кои ќе се испреплетуваат на небото потполно ќе ве остават без здив, а локалното население вели дека тоа е најубавата локација да се гледа зајдисонцето од целата Макарска Ривиера. На палажата Вруја/Дубици во Брела пак може да се затекнете со многу мали магични заливчиња кои се најпогодни за класичен одмор и релаксирање покрај море. 
 
Од нашите понуди за Макарска издвојуваме:

VILLA JOVIC
Vila Jovic е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 350 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Собите се лоцирани на вториот и третиот кат, комплетно се опремени и располагаат со сопствен тоалет и кревети за две или три лица.

VILLA SELAK
Vila Selak е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 300 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Сместувањето е во соби и студија. Собите располагаат со сопствен тоалет и кревети за две лица, лоцирани се на приземје и делат заедничка тераса и кујна.

VILLA MATIJASEVIC
Vila Matijasevic е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 200 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Собите се лоцирани на првиот кат, располагаат со сопствен тоалет и кревети за две или три лица.

VILLA STIPE
Vila Stipe е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 350 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Располага со студија лоцирани на приземје.

VILLA DRAGICA
Vila Dragica е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 200 метри од морето и 600 метри од прекрасната плажа обиколена со шума.
Собите се лоцирани на вториот и третиот кат, комплетно се опремени и располагаат со сопствен тоалет и кревети за две или три лица.

VILLA ANTONIA
Вилата е лоцирана на околу 250м. од плажа. Сите студиа се комплетно опремени располагаат комплетно опремена кујна и споствен тоалет и балкон. Рестораните и кафе баровите се наоѓаат на околу 100м. од самата вила. Сите студиа располагаат со балкон.