Плажите на Лефкада - најубавите плажи на медитеранот

Плажите на Лефкада: Porto Katsiki beach, Kathizma, Egremnoi, Agios Giannis, Vassiliki beach… не се само имиња на плажи со кои се карактеризира овој остров. Тие се сигурно и нешто многу повеќе. Ако првата претставува една од најубавите плажи на медитеранот, која со својата специфичност на тиркизната боја на морето е вистински магнет за илјадниците капачи, останатите наброени по неа, се вистинска нејзина реплика и приказна која ја раскажуваат многуте повратниците од Лефкада. Додека брановите на Јонското море ве фрлаат низ песокта на уникатните плажи, помислете дека на дел од нив – можете да доживеете и нешто повеќе. “Сурфингот” или едрењето на штица е спорт кој на островото Лефкада претставува вистинска атракција. Светски познатиот центар за сурфинг e лоциран токму во местото Василики, кое нуди можност за малку поинтересен одмор. Додека сурфингот на едро или падобран на плажата Агиос Јоани, секако бара адреналин повеќе.

Најпознатите плажи се оддалечени од местата каде што престојуваат туристите, па доколку немате автомобил, ваш или изнајмен, ќе ви биде тешко да дојдете до нив. Веќе рековме, има толку многу плажи што треба да се посетат, но еве почнете од тука:

Порто Кацики – според многумина ова е најубавата плажа на Лефкада, а можеби и во цела Грција. Се наоѓа на дофат од Василики. Официјално се вбројува во шесте најубави плажи на светот според релевантни туристички организации. Тука не можете да стигнете пешки, само со автомобил или со бротче, па оттука и нејзиното име што значи Залив на козите. Пред да го уредат патот, само козите можеле да уживаат во нејзините убавини. Покрај плажата има и паркинг, а за да стигнете до песокот треба да поминете 180 скалила.

Егремни – битката за најубавата плажа на Лефкада не е лесна. Во конкуренција дефинитивно е и плажата Егреми. Долга е 2 километри, па нема да почувствувате метеж од туристи. Морето е нестварно сино, исклучително бел песок и величествени карпи. За да уживате, мора да поминете дури 360 скалила, но не дозволувајте тоа да ве спречи. Убавите нешта не доаѓаат лесно, а доживувањето е уникатно.

 
Катизма – доколку сакате луди забави, и дневни и ноќни, Катизма е местото за вас. Тука пуштаат музика познати диџеи од целиот свет. За разлика од преостанатите топ 5 плажи, Катизма е уредена, тука има лежалки, чадори, тушеви и кафулиња. Најпристапна е во споредба со другите и тука може да дојдете со автомобил или со редовен градски превоз. Изобилува со различни содржини и забавни активности.

Милос – се наоѓа измеѓу Агиос Никитас и плажата Катизма. Пешки од Агиос Никитас може да стигнете за 20 минути или за неколку минути со автомобил. Дива е и опкружена со карпи и водата тука е малку поладна во споредба со преостанатите.

Агио Фили – егзотична дива плажа со живописно морско дно. Особено им ја препорачуваме на љубителите на нуркањето. До неа може да стигнете со автомобил, со дневните крстарења од Василики или да изнајмите мотор на четири тркала.

Agios Ioannis – Frini  - се наоѓа на само неколку километри од  Лефкас. Бесконечна плажа со жолто златен песок и тиркизна вода, потсетува на некоја плажа од Карибите. Остатоците од старите воденици придонесуваат за уникатна атмосфера. Плажата е на второ место после Vassiliki за сурфање поради силниот ветер. Тука ќе најдете кафичи и клубови за сурфање на ветер.

 
Lygia – најголемото рибарско место на Лефкада, чие што пристаниште е преполно со мали рибарски бротчиња. Тука има една живописна плажа со кристална вода. Исто така има одлични таверни кои што нудат свежа риба.

Pefkoulia- плажата се наоѓа северно од Aghios Nikitas, песочна плажа со воодушевувачка тиркизна боја. Плажата е лесно достапна, и токму поради тоа летно време може да има доста гужва. Наоколу може да најдете многу таверни.

Галерија