Зимски центри за почетници

Како се наближува зимата така и љубителите на зимските спортови се повозбудени и поактивни во потрагата за понуда за зимски центар кој нуди одлични ски терени, но и простор за уживање и релаксација.
Без разлика дали сте почетник во скијање и бордање или пак сте искусен скијач кој е во потрага по адреналин и возбуда ви нудиме неколку топ зимски центри кои нема да ве остават рамнодушни.
Секако првото качување на скии е секогаш предизвик без разлика на годините. Добрата вест е дека во скијачките центри во Бугарија, Србија и Словенија има училишта за нови скијачи каде со помош на инструктор ќе ги изведете првите самостојни ски-спуштања.
 
За децата добро е уште на старт, првите впечатоци и искуство од скијањето да бидат пријатни без стрес и секако најавени неколку денови наназад како возбудлива забава и уживање на снег.
Доколку ги учите на скијање, ако се млади 4-6 години, добро е да пристигнете во ски центарот порано, навреме да изнајмите скии и ски карти.
Децата учат поразлично од возрасните, на повеќето од нив им е потребно да ја разберат идејата што сакате да ги научите, а после тоа тие самите ќе сакаат да го повторат тоа.
Во понапредна фаза научете ги да бидат свесни за околината и опасностите, ситуации при забрзано скијање, нерамнини, скокови и сл. Исто така повеќето деца учат побрзо и сакаат кога се во група со свои врсници, правејќи ги истите работи.

Доколку сте подготвени за први скијачки искуства, во продолжение прочитајте кои стази во зимските центри Банско, Боровец, Пампорово, Златибор и Копаоник да ги изберете за вашите почетоци во скијањето да бидат едноставни и забавни.
Плавите стази се „лесни„ стази наменети за почетници.
1. Шилигарник (Банско)
2. Плато 1 (Банско)
3. Ситнијаково (Боровец)
4. Мартинови Бараки (Боровец)
5. Маркујик 0 (Боровец) 
6. Ротата (Боровец)
7. Пампорово 6 (Пампорово)
8. Масинац (Копаоник)
9. Мало Езеро (Копаоник)
10. Сончева Долина (Копаоник)
11. Крст (Копаоник)
12. Рибница (Златибор)
13. Ски Пат (Златибор)

За оние поискусните на кои скијањето им е добро познато и сакаат пострмни и екстремни патеки, можат да уживаат во црвените или црните ски патеки.
1. Томба (Банско)
2. Тодорка (Банско)
3. Стара Писта (Банско)
4. Маркуџик 2А (Боровец)
5. Фонфон (Боровец)
6. Црвено Знаме (Боровец)
7. Снежанка (Пампорово)
8. Длабока 1 (Копаоник)
9. Гобелја Гребен (Копаоник)
10. Бела Река 2 (Копаоник)
11. Леденица (Копаоник)
12. Змајевац (Златибор)
13. Торник (Златибор)

 

Галерија