Куба- најголемата островска земја во групата на Големите Антили

Името „Куба“ потекнува од јазикот таино и името може да се преведе како „место каде плодната земја е во изобилство“ што на таино би било „кубао“ или како „големо место“ („коабана“). Покрај ова тврдење, потои уште едно кое тврди дека кога Кристофер Колумбо пристигнал на островот го именувал според стариот град Куба во Португалja. 

Куба (шпан. Repъblica de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно.
 
Куба е прекрасна дестинација за семеен одмор затоа што станува збор за безбедно, природно место и има многу културни знаменитости кои што вредат да се видат.  Пристапот до интернет е исклучително скап. Имено, еден час користење на интернет чини 6 долари, а неколку долари поскапо е користењето на безжичниот интернет. Исто така, сосема мал број на хотели нудат интернет во својата понуда.
 
Во Куба, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка щ забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро зачувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.    

Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно. Еден од најпознатите жители на Куба бил познатиот писател  Ernest Hemingway кој поминал цели 22 години на овој егзотичен и магичен остров.
 
Хавана е главен град, најголемо пристаниште и трговски центар на Република Куба со околу 2 милјони жители со што го прави 4 град по големина на Карибите.
Хавана својот статус на град го добилод страна на Филип II во 1592 година, а во 1634 година со кралски декрет е именуван за град како  “клуч на новиот свет  и бедем на западна Индија” 
Денешна Хавана може да се подели на 4 дела:
Стара Хавана  во која има сочувано голем број на значајни архитектонски градби од времето на шпанската колонизација, во барок, неокласицизам и арт деко  стил што е и причина од 1982 година да биде под заштита на УНЕСКО. 
Кинески четврт како посебна автономна зона.
Ведадо економскиот дел на Хавана каде што се наоѓа познатата улица и шеталишете “La Rampa” 
Мирамар елитната населба “ во која се сместени , амбасадите, конзулатите и резиденциите на богатите граѓанина Хавана. 

Во градот Хавана се произведува познатиот рум “Havana Club“  од кој се прават безброј коктели  меѓу кои и  познатото мохито  кое ви препорачуваме да го вкусите во еден од најпознатите барови “ La Bodeguita del Medio „  кој се наога во стариот дел на Хавана и бил многу често посетуван од познати личности како што се  Pablo Neruda  Agustín Lara, Brigitte Bardot, Ignacio ‘Bola de Nieve’ Villa, Ernest Hemingway and Salvador Allende.  

Климата во Хавана како и во поголем  дел во Куба е типично тропска и скоро цела година многу пријатна.
Просечна температура 31 °C
 
Варадеро е ексклузивниот дел на Куба со прекрасни плажи.
Сместен е на полуостровот Хикакос, на околу 140 км источно од Хавана.
Варадеро претставува најголем комплекс од ресорти на Карибите, со голем број на ресторани и хотели, 
Поради преубавите бели, песочни плажи и море што остава без здив, останува меѓу најпопуларните туристички места на светот.

Варадеро или  “Plaja azur“ (на шпански значи плава плажа)  е ексклузивниот дел на Куба со прекрасни плажи. Сместен е на полуостровот Хикакос, на околу 140 км источно од Хавана.
Варадеро претставува најголем комплекс од ресорти на Карибите, со голем број на ресторани и хотели, 
Поради преубавите бели, песочни плажи и море што остава без здив, останува меѓу најпопуларните туристички места на светот.
Просечна температура 24  °C

Излети од Варадеро: 
БАЗЕН СО ДЕЛФИНИ преставува главна атракција, посебно популарна кај децата. Делфините заедно со своите тренери со многубројните перформанси ке Ви приредат незаборавна атракција (сокање низ обрач и различни скокови во вода.)
КУЛАТА ВО ВАРАДЕРО
ПАРКОТ "Josone"  со својата зелена оаза со палми и вештачкото езеро привлекува голем број посетители. Во овој парк ќе имате можност да јавате коњи, да пловите со чамец  по  езерото. Во склоп на овој парк се наоѓа куглана и стрелана.

 

Галерија

Поврзани блог статии