Долењске Топлице - Словенија

Долењске Топлице е  туристичко место кое што се наоѓа во југоисточна Словенија, расолага со разновиден пејсаж од зелени ливади, моќни шуми,термални извори, и пријателски градови со богато културно наследство. 
Долењске Топлице е место познато по виното, во самото место постои винарска визба од секаков тип на вина розе, црвено, бело итн, каде што туристите може да го дегустираат кое што одлично оди во комбинација со деликатесите кои што ги нуди самото место. 
Долењске Топлице е исто така место кое што е доста атрактивно и достапно за љубителите на голф. Играњето голф е достапно за сите посетители кои што може да уживаат во винарските природни убавини и чистиот воздух во Топлице.
Познато место во Долењске Топлице е исто така и сплавот на Рудолф, каде што туристите може да направат и една мала обиколка низ стариот дел на градот, по кривината на реката Крка.
На самиот сплав има аниматори и свирачи претежно на хармоника и многубројни ресторани кои располагаат со прекрасни традиционални рецепти.
Како доста атрактивно и популарно место во Дољенско Топлице е и ранчот Аладин кој што располага со повеќе од 60 животни ( муфлони, камили, антилопи, лами, мечки,папагали итн).
Доколку сакате одмор и рекреација Дољенско Топлице е идеалната дестинација за вас.