РЕЛИГИОЗНА ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЈОВАН - ПЕШТЕРАТА НА АПОКАЛИПСАТА

Оваа екскурзија не носи на мал, но фасцинантен остров поврзан со Библијата. Патмос во Егејот е меѓу најсеверните острови на Додеканезите. 
Тоа е одамна место за аџилак бидејќи Патмос се споменува во Книгата на Откровението,  последната книга од Новиот завет. 
Посетителите можат да ја видат локацијата каде се верува дека Свети Јован Богослов го имал откровението - пештерата на Апокалипсата.  Голем број на цркви се именувани по апостолотот а ние ќе го посетиме манастирот Св. Јован. Живописните улички се извиваат до Манастирот која го основал свети Христодулос во 1088 година. Можеме да влеземе во дворот, просториите каде што монасите ги подготвуваат нивните оброци и старата фурна. 
Со исклучителна убавина е обиколката на византиската црква  Свети Јован, украсена со иконостас во дрворезба и значајни фрески од повеќе периоди од историјата. 
Потоа застануваме во малиот музеј во кој се наоѓаат бесценети религиозни богатства вклучувајќи ракописи, средновековен текстил и одежди.
Зад капелата Света Ана се наоѓа влезот во Пештерата на Апокалипсата. Ќе го видиме крстот  изгравиран од Свети Јован и тројна пукнатина во ѕидот каде што се вели дека Св.Јован слушал како Бог раскажува за Апокалипсата.
Во грчката митологија Патмос првично бил на дното на морето, но Зевс го издига над водите. Сонцето ја исушило земјата а луѓето од регионот го населиле островот нарекувајќи го Летоа по божицата Артемида.

Галерија