Приене, Милет и Дидим

Приене, некогаш бил пристаништен град, а кој денеска се наоѓа 16км од морето на ридовите на планината Микале. Редок пример на хеленистичка архитектура и уметност. Театарот во Приене е еден од најубавите во хеленскиот свет. Храмот Атина Полиа го реконструирал Александар Велики како подарок за градот. Античкиот град Милет кој некогаш бил еден од најголемите трговски градови во Анадолија, се наоѓал помеѓу многу трговски патишта и од оваа причина станал многу просперитетен. Имал повеќе од 90 колонии и бил еден од најбогатите грчки градови. Како главен трговски центар изобилувал и со култура, наука, философија и архитектура. Милет е родно место на архитектот на Аја Софија. Зборот Дидима значи близнаци и е поврзано со место за средби на Зевс и Лето каде што ги зачнале своите близнаци Аполо и Артемис. Дидима била позната како центар за пророштво посветен на Аполо, кој служел со слична цел како Делфи на Анадолија. Дури и се верува дека тука имало светилиште пред јонците да дојдат во 10в п.н.е. Храмот Аполо иако недовршен се сметал за еден од најголемите храмови на хеленистичкиот свет, споредлив со храмот Артемис во Ефес или Херајонот кај Самос. Овде ќе го видиме огромниот релјеф Медуза, кој стои покрај храмот, парче од 2в н.е.