Метеори - манастирска населба сместена на огромни и стрмни карпи

Манастирската населба Метеори е сместена на огромни и стрмни карпи кои нагло се издигнуваат на северозападниот раб на Тесалија. Метеорите се карактеризираат со специфичен пејзаж, ретко виден во останатите делови од светот, кој кај секој посетител предизвикува мешавина од стравопочит и восхит. Тоа било единственото место каде монасите се чувствувале безбедни, каде можеле да ги подигнат своите светилиштата, а притоа да ги заштитат од најразличните грабливци, крадци и други злосторници и да уживаат во својата сигурност. Со текот на годините тие створиле една вистинска монашка населба, составена од повеќе манастири, потпомогнати со многу подароци, донации и привилегии од многуте побожни аристократи и владетели. Последица на тоа се многуте свештеници, кои всушност се јавуваат како основоположници на оваа необична населба, на кои на поголемиот дел не им се познати имињата, а меѓу нив се споменуваат Св.Стефан, Сретење, Русана, Св. Ѓорѓе Мандилски, Св. Никола Анапавсис, Св. Григориј...

Денес само шест манастири сеуште функционираат: најголемиот, подигнат во 14.век Свето Преображение чија зграда служи како главен музеј за многуборјните тирусти, Варлам, вториот по големина манастир во овој комплекс изграден 1541г., Св. Никола Анапавсис, мала црква изградена во 16.век, Русана или Св. Варвара, подигната во средината на 16.век, Св. Стефан, изграден во 16.век, кој за време на 2. Светска војна бил разрушен од Нацистите под сомнение дека претставувал засолниште на борците против Окупаторот. Подоцна бил возобновен од монахињите и Света Тројца, кој се наоѓа на врвот на карпите, изграден во 1475г., а познат е и по тоа што 1981г. овде се снимани кадри од филмот “For Your Eyes Only” од серијалот Џејмс Бонд.