Амстердам - Еден од најубавите мали градови во светот

Амстердам - Еден од најубавите мали градови во светот. Од Амстердамските улици до познатите музеи и историски знаменитости, Амстердам важи за еден од најромантичните градови во Европа. Неговото второ име е „Венеција на северот„ бидејќи лежи на повеќе oд 165 канали врз кои се протегаат преку 1200-тина мостови на кои посетителите и жителите на Амстердам закачуваат катанци со имиња на заљубените.
Овој град е и град на различности кој воодушевува со богатата култура, возбудливиот ноќен живот, интернационалните ресторани, совршено организираниот транспорт низ улиците и секако низ каналите. 
Тешко е да се направи селекција на нештата кои не смеете да ги пропуштите при вашата посета на Амстердам, но ние избравме неколку кои со сигурност ќе ве воодушеват и ќе ве натераат што побрзо да се спакувате и да тргнете.

1. Изнајмете велосипед!
 Жителите на Амстердам возењето на велосипед го сметаат за начин на живот, па така градот има повеќе велосипеди од жители. Во било кој период од годината велосипедот е одличен транспорт низ улиците на градот кој несомнено ќе ве однесе до било секоја дестинација, а предноста е во тоа што сте слободни во секое време да застанете и да видите уште нешто попатно. Изнајмувањето велосипеди е лесно и брзо бидејќи на секој агол од градот има места наменети за тоа.

2. Посетете го музејот на Ван Гог
Ниту едно патување во Амстердам не е комплетно без посетата на куќата на холандскиот импресионист Винстент Ван Гог. Модерната зграда која се наоѓа токму на музејскиот плоштад е дом на повеќе од 1000 негови дела, цртежи и писма и на посетителите им нуди можност не само да ја видат одблизу неговата уметност туку и да научат нешто повеќе за неговиот живот.

3. Посетете ја куќата на Ана Франк 
Куќата на Ана Франк е една од најголемите знаменитости во Амстердам. Во нејзе малечката Ана Франк заедно со своето семејство се криела од нацистите. Нејзиниот краток живот кој завршува во Втората свестка војна. Денес предниот дел од куќата е направен музеј во кој можат да се видат автентични предмети од тоа време. Оваа куќа е е една од најпосетените во градот и често не можете да влезете доколку немате купено влезница предходно.
 
4. Купете си букет свежи лалиња
Лалињата се дефинитивно заштитен знам за Холандија. Буквално во секоја продавница и цвеќарница можете да ги најдете овие прекрасни цвеќиња во најразлични бои, но наша препорака е да го посетите Цветниот маркет каде изборот е најголем.
 
5. Прошетајте низ улиците на Црвениот Кварт
Несомнено барем еднаш сте слушнале за познатито Црвен Кварт во Амстердам. Во овие улички можете да видите се што можеби во другите градови е се уште табу, но без разлика на тоа што се нуди, забавата е загарантирана!

6. Уживајте во пловењето со бродче низ каналите
Пловењето низ каналите е една од најроматичните искуство кои ќе ги доживеете во Амстердам, посебно доколку се одлучите за верно пловење. Ќе имате можност да го видите градот од малку поинаква перспектива, а дополнително ќе можете да вечерате на самото бродче со што ќе го избегнете ноќниот градски метеж.

7. Вкусете го оригиналното Холандско сирење
Има многу вкусна храна која треба да ја пробате во Амстердам, но една од најпознатите е Холандското сирење. Низ градот ќе најдете многу продавници наречени 'kaas' shops специјално наменети за продажба и дегустација на повеќе видови на сирење и кашкавали како Гауда, Бри, Масдамер и уште многу други. Секако не пропуштајте да си купите барем едно парче кое по враќате дома ќе го уживате со по некоја чаша вино и ќе ве потсети на шармот на Амстердам.

 

Галерија